Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии


Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место, истакна  Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.

2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.

3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.

Македонија ќе биде повторно твоја!“, рече Мицкоски.

09.05.2024 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега