Тешко повредена жена во сообраќајка помеѓу автомобил и запрежна кола


Вчера во 20.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес–с.Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64) од с.Извор, општина Чашка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц., констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

09.05.2024 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега