Жена прегазена во Куманово, итно пренесена во болница


Вчера во 17.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(27) од Куманово, удрило во Р.С.(56) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Општата болница Куманово.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.

09.05.2024 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега