160 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега