164 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возач почетник...

Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР.

15.08.2022 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега