30-годишен кичевчанец го убил својот татко

30-годишен кичевчанец вчеравечер му нанел повреда на својот татко, а тој подлегнал на повредите и умрел, известуваат од МВР.

„На 20.10.2021 во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево“-се вели во писменото соопштение.

Се работи на целосно расчистување на случајот, додаваат надлежните. 

21.10.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега