АА: Очекуваме актуелни политичари да се најдат на „црната листа“ на САД

Од опозициската партија го поздравија тоа што САД ја интензивира борбата против корупцијата во регионот и Северна Македонија и велат дека пристигнувањето на тимот за санкции ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на државите.

Откако американската амбасадорка Анџела Агелер објави дека во земјава пристигнал тим за санкции од Вашингтон за поагресивен поглед на поранешни и актуелни корумпирани актери, со првична реакција се јави опозициската Алијанса за Албанците (АА) која очекува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни политичари како и инволвираните во аферата „Маѓар Телеком“.

„Очекуваме на списокот да се додадат и други корумпирани актери коишто се сè уште политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите. За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот ‘Маѓар Телеком’ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение“, велат од АА.

Тие го поздравија тоа што САД ја интензивира борбата против корупцијата во регионот и Северна Македонија и велат дека пристигнувањето на тимот за санкции ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на државите.

Во објавата дека пристигнал тимот од Вашингтон, амбасадорката Агелер денеска порача и дека на правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот.

На оваа тема, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, минатата недела најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

06.12.2022 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега