Агелер за ставањето на Камчев на црната листа: „Санкциите ќе влијаат и на оние кои имаат бизнис со него“
Денеска Министерството за финансии го назначи на црната листа бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела, информираше преку социјалните мрежи амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.
-Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г-дин Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“, напиша амбасадорката Анџела П. Агелер во својата реакција откако САД на црната листа стави уште едно познато лице, овојпат од бизнисот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа