Ако Баку побара Турција ќе испрати војска

Анкара нема да се двоуми да испрати војска и да обезбеди воена поддршка за Азербејџан доколку Баку го побара тоа, порача денеска потпретседателот на Турција, Фуат Октај.

Меѓутоа, тој рече дека во овој момент не постои такво барање, пренесува Ројтерс.

 Тој исто така ја критикуваше групата ОЕБС, тврдејќи дека таа постои за проблемот да остане нерешен и да ја поддржува Ерменија, како политички, така и економски.

Во групата претседаваат Франција, Русија и Соединетите Американски Држави, а е формирана за посредство во овој судир.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега