Албански државјанин фатен при кражба во куќа во Мала Речица

 

Полицијата информира дека утринава во 02.50 часот во с. Мала Речица, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(32) од Р. Албанија.

„Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од куќа во с. Мала Речица, сопственост на А.Д. (33) од истото село“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

13.08.2022 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега