Андреевски: Близу 1 милион евра профитирале хидроцентралите на Мицкоски од државата, а оние на Камчев над 33 милиони евра

Непотизмот од машинскиот факултет Мицковски продолжува да го применува и во самата партија со носителката во ИЕ 1, Гордана Силјановска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

Според него главното прашање е зошто лидерот на опозицијата ја крие својата имотна состојба.

-Одговорот е јасен, Мицкоски нешто крие! Тој е лично е косопственик на 3 мали хидроелектрани кои по примерот на договорот  на  Груевски и ОКТА има загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме ние граѓаните. Секој еден граѓанин , секое семејство плаќа за овие хидроелектрани. Сумите кои ние граѓаните сме му ги платиле се следни: Или вкупно кумулативно во период од: 2016: 986.513 денари, 2017: 15.269.030 денари, 2018: 19.398.444 денари, 2019: 21.145.834 денари или вкупно 56.802.821 денари, вели Андреевски.

Според него, затоа цената на електричната енергија била покачена за повеќе од 100 отсто.

-Затоа ја укинаа евтината тарифа. Затоа не сакаа да го либерализираат пазарот на електрична енергија. Денес станува појасно и зошто ист ваков 15 годишен договор му имаат дадено на Пелагонија Енерџи на Орце Камчев, а сумите кои се наплатени од граѓаните се: 2015 година 149.869.371 денари, 2016 година 370.061.640 денари, 2017 година 564.829.354 денари, 2018 година 605.322.865 денари, 2019 година 351.509.045 денари, Или вкупно:  над 2 милијарди денари (2.041. 591. 275) или повеќе од 33 милиони евра. За сликата да биде комплетна им помогнал и некој во Регулаторна комисија за Енергетика. Тоа во минатото не го знаевме, но денеска го знаеме, рече Андреевски.

Според него, тој некој е претседателката на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, која, како што вели, како член на Регулаторната комисија од 2011 до 2017 година гласала за доделување на лиценци.

стата гласала за: укинување на евтина тарифа, покачување на струјата за 100%, не носењето на новиот закон за енергетика, исклучените граѓани  од парно на територијата на Град Скопје кој иако не користат да плаќаат сметки за парно греење. Почитувани граѓани, денес е последен ден од кампањата. Замислете што се може да направи ВМРО-ДПМНЕ  ако повторно им се укаже можност! Замислете го Мицковски што ќе стори за себе преку вашите сметки од позиција на премиер! Затоа во среда на 15 јули треба да гласаме за СДСМ и коалицијата „Можеме“, рече Андреевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега