Апасиев за намалената пресуда на Николов: Тројца од судиите се избрани по Рамковен, неписмени кадри на ДУИ одлучуваат кој ќе иде у затвор

 
„Тројца од судиите на Апелација кои ја донеле пресудата за преполовување на казната на убиецот на девојчето од Велес - се избрани по РАМКОВЕН“, пишува на социјалната мрежа Фејсбук, лидерот на Левица, Димитар Апасиев во врска со намалената казна на осудениот Ангелче Николов, кој во пијана состојба прегази девојче од Велес.
 
„Значи, корумпираните и правно неписмени кадри на ДУИ ни одлучуваат кој ќе иде у затвор, а кој ќе биде слободен! А Таче вика: "Уште Бугарите у Устав и влагаме".
p.s. Ако е и за Северџанистан - ДОСТА Е“, напиша Апасиев на ФБ.

За потсетување, апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18 на осум години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, потврди Основниот суд Велес.

Николов лани на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петочлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова.

На Николов му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Телесни повреди доби и мајката на девојчето. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило.

Останува изречената забрана за Николов за управување со моторно возило од „Б категорија“ во траење од 5 години. Сообраќајката се случи на 17 декември лани во 22:17 часот на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“. По сообраќајката возачот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец.

Вештачењето покажало дека возачот критичната вечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајката се случила на обележан пешачки премин. Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

07.08.2023 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега