Арсовска: За прв пат формирано Собрание на млади на град Скопје
На конститутивнaта седница на Собранието на млади на Град Скопје, на кое се обрати и градоначалничката Данела Арсовска, за прв пат во градот Скопје се осннова Собрание на млади на град Скопје , во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.
- Денес за првпат е формирано Собрание на млади на Град Скопје, со цел посветено да се работи на подобрување на условите за младите лица на локално ниво, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес– истакна Арсовска.
Формирањето на Собрание на Собрание на млади на Град Скопје, од кое произлегува и формирање на Совет на млади на Град Скопје и Законот за младинско учество и младински политики, се реализација на мерки како дел од програмата „За модерно Скопје“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа