Автобусите се повлекуваат од блокадите - ќе протестираат само пред канцеларијата на Арсовска

 

Денеска е ослободена една коловозна лента, додека од утре ќе бидат ослободени раскрсниците на кои се одржуваше протестот, автобусите ќе бидат повлечени и ќе бидат распоредени кај бараките на Град Скопје.

По состанокот на координативното тело, возачите одлучија утре во 10:00 часот со околу 200 приватни автобуси да ги блокираат сите четири коловозни ленти на булеварот „Илинден“.

Возачите го оценуваат јавниот оглас на Град Скопје како некоректен, инсистираат Градот Скопје да ги отплати долговите што ги има кон нив, и им се извинуваат на граѓаните кои требале да се соочат со овие ситуации.

„Еве како се фали Данела Арсовска дека целосно ги пополнува приватните автобуски линии. Не е пуштен автобус број 11, сето тоа се манипулации. Каде може да покрие 200 приватни автобуси, каде се тие автобуси што се појавува по медиумите дека сме ги покривале тие приватни автобуски линии“, вели еден возач.

Граѓаните бараат решенија, велат дека вака едвај се движат низ градот.

3 дена градот беше целосно блокиран.

 

08.12.2022 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа