Автомобил излетал од патот кај Прилеп- две лица завршиле во болница

 

Две лица биле повредени на пат Прилеп – Македонски Брод откако автомобил излетал од патот.

Според пријавесното, вчера во 08.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(66) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот С.Т.(74) од Скопје, констатирани од Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициска станица  Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа