Бакингемската палата започнува истрага за Меган Маркл: Овие работи се недозволиви

Бакингемската палата објави дека ќе започне истрага за наводите на британскиот весник „Тајмс“ за тоа дека Меган Маркл малтретирала некои членови на персоналот пред таа и британскиот принц Хари да ги напуштат кралските должности.

Најавено е дека тимот за човечки ресурси детално ќе испита сè, како и дека ќе бидат испитани вработените кои во тоа време работеле во палатата.

„Во Бакингемската палата не е дозволено вознемирување на работното место“, се вели во соопштението.

Целата приказна започна со пишувањето на „Тајмс“ за тоа како, наводно, поради однесувањето на Меган Маркл двајца вработени дале отказ како и дека ја потценила довербата на друга вработена.

Портпаролот на војвотката од Сасекс ги отфрли обвинувањата, пренесува Си-ен-ен.

Принцот Хари и Меган Маркл ќе разговараат за сè што е поврзано со кралското семејство во интервјуто со американската водителка Опра Винфри, кое ќе се емитува в недела.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега