Бектеши: Крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадби

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во ТВ 21 рече дека на крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави.

Вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче претходно денеска истакна дека знаците за стивнување на овој бран, им дале право за дополнително олеснување на рестрикциите.

Сепак, тој вели дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега