Берни Сандерс на најдобар начин ја користи моменталната популарност

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден станал интернет сензација. Сега, маици со виралната фотографија од Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува "CNN".

Соработниците на Сандерс од кампањата одлучиле да продаваат маички со сега веќе легендарната фотографија од "мрзеливиот Берни" според која се направени безброј мемиња, а целиот приход од продажбата е наменет за организацијата "Meals on Wheels", која делува во матичната држава на сенаторот, Вермаунт, и обезбедува бесплатни оброци за лица помлади од 60 години со хронични заболувања и инвалидитет.

Црната памучна спортска маичка чини 45 долари и се произведува во САД.

Изгледа дека е популарна исто како и нејзиното меме, бидејќи е веќе распродадена, пишува на интернет страницата на која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да чекаат и до осум недели за нејзината испорака.

"Како да не го сакаш симпатичниот Берни Сандерс кој продава спортска маица со меме, а 100 проценти од приходите одат за хуманитарни цели", твитнал еден корисник.

Сенаторот пред три дена ги коментирал бројните реакции за учеството на инаугурацијата на Џо Бајден.

"Па јас само седев, настојувајќи да се загреам и да обратам внимание на тоа што се случуваше околу мене", рекол тој со насмевка на лицето за време на гостувањето на "Late Night Show".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега