„Библиска чума“ во Саудиска Арабија: Рој скакулци ја пустошат земјата (ВИДЕО)

Милјарди скакулци се појавија во Саудиска Арабија, бидејќи сегашните климатски услови се погодни за нивно размножување. Иако ги погоди библиска чума, локалното население одлучи да се избори со нив на необичен начин.

Наезда од скакулци ја погодува Саудиска Арабија веќе околу еден месец, а локалните власти се обидуваат да се борат против тоа прскајќи инсектициди од воздухот, пренесува „Араб њуз“.

Снимките се споделуваат на социјалните мрежи од скакулци кои го покриваат секој квадратен метар во некои делови, било да се тоа пустини, дрвја, улици, уништувајќи ја флората на која ќе наидат.

Во една од таквите снимки, можете да видите необично решение во борбата против инвазијата. Група локални жители собираат скакулци во вреќи, а потоа подготвуваат храна од нив.

Наездите на скакулци се кошмар за земјоделците, бидејќи овие инсекти, кога се преполни, можат да направат непроценлива штета на земјоделските култури.

Тие се нарекуваат и библиска чума, затоа што, според Библијата во Стариот завет,Бог го казнил Египет со десет казни затоа што фараонот не сакал да ги ослободи Евреите од ропство. Една од тие казни биле наезда на скакулци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега