Битиќи во Битола: За 4 години креиравме 90.000 илјади работни места, стигнавме до просечна плата од скоро 29.000 денари

„За да гледаме во иднината, треба да знаеме каде бевме.. Паметите  во 2016 година зборевме дека државата е заробена. Само еден податок, беа потрошени 250 милиони евра за да се креираат само 15.000 илјади работни места. Ние за 4 години креиравме 90.000 илјади работни места, а потрошивме 70 милиони евра, рече  Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи .

Тој рече дека минималната плата беше 9.000 денари ,а сега е 15.200 денари, а просечната плата изнесува 28,721 денар. Евидентен е растот и стабилноста на економијата, која не само што не крахира како што зборуваше опозицијата туку се развива.

Според него само со работа се покажува како се сака својата држава. 

,,Ние ги засукавме ракавите и напорно работевме, рече тој и додаде: затоа ќе победиме во Битола. Ќе победиме бидејќи се залагаме и за рамномерен регионален економски развој. И посебно ќе се бориме за секое работно место во малите градови, надвор од Скопје,нагласи тој. Веќе преговараме за нова производна линија на фабрика во Жабени за нови 1.250 работни места со просечна плата од 22.500 денари тука во Битола, во Жабени, и за нова инвестиција од 25,7 милиони евра. До крајот на годината ќе имаме и нова американска инвестиција, и нови 350 вработувања.

Ние парите не ги фрламе на споменици, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи. Затоа ја реализираме ТАВ програмата, најзначајната развојна инсфрастуктурна програма во нашата историја. 94 инфраструктурни проекти финансираме во целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра проекти според реалните потреби на граѓаните, Инвестираме во нови водоводни мрежи, неколку канализациони мрежи, изградба и рехабилитација на улици и локални патишта, во места кои никогаш ги немале, реконструкција на општи болници, училишта, нови мостови....Ова се реални проекти за реални потреби на граѓаните, заклучи Битиќи.

23.07.2021 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега