„БМВ“ излетало од патот во Тетово и удрило во бетонски ѕид: Повредено 20- годишно момче

 

Автомобил излетал од патот кај Тетово, по што 20 годишно момче било пренесено во тетовската болница со тешки телесни повреди.

„На 13.07.2020 во 18.40 часот било пријавено дека во Тетово, пред Арабати Баба Теќе, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.

Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош“ соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега