Богдановиќ за песната што се пееше на неговата свадба: Не сум навредил никого и не сум прекршил протоколи

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ со песната која ја пееше за време на неговата свадба во Грачаница Косово, не смета дека навредил или омаложувал некого. Иако соддржината на песната Република Косово ја нарекува „Космет“, кратенка од името Косово и Метохија која ја користи Србија, а дури и пееше за српските херои кои се бореле во средниот век, сепак смета песната не е навредувачка за никого, вели тој за ТВ21.

„Таа не е песна која што некого навредува или пак некој се омаловажува или било што. Песната е посветена на цркви и манастири не гледам како тоа може некого да навреди. Тие песни се пеат во секоја кафана и ресторани и во Скопје, во Македонија и пошироко“, вели Богдановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега