Болничарки од Куманово втор пат позтивни на корона

Двајца здравствени работници од кумановската болница се првите случаи во државата кај кои коронавирусот е потврден по втор пат. Едната е медицинска сестра која била позитивна во март на почетокот од пандемијата, но поминала без никакви симптоми. Сега има бронхопневмонија и позитивен брис. Втората е болничарка која во април го прележала вирусот со лесна клиничка слика. Деновиве дознала дека повторно има корона откако отишла да дарува крвна плазма за да спаси друг заболен, објави Сител.

-Медицинската сестра имаше симптоми, ја тестиравме и се појави позитивен тест. Уште повеќе се изненадивме откако и кај втората, болничарката се појави позитивен тест по втор пат. Мислевме дека кога некој ќе прележи вирус има неколку време имунитет, но испадна ова само три месеци. Ова значи дека има многу нејасни работи за вирусот, вели др. Снежана Захариева, директор на болница во Куманово.

Иако реинфекцијата на корона вирусот не е непозната во светски рамки, сепак, медицинските лица од Куманово се први случаи во регионот. Министерот за здравство вели дека ќе ја следат состојбата, иако засега не е познато какао по втор пат се заразиле медицинската сестра и болничарката.

-Ова е нов момент за нас, кај двајца здравствени работници е повторно потврден вирусот, но тоа не е непознаница во светски рамки. Не планираме воведување на рестриктивни мерки, вели Венко Филипче, министер за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега