Борел: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан

Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел упати апел до медиумите и до граѓанското општество на Западен Балкан да се ангажираат во борбата против дезинформации, што се  глобален предизвик и закана по демократијата.

 

– На граѓаните треба да им се пружат вистинити, точни и правовремени факти. Потребно е да се работи на заштита и промоција на основните права, како што е слободта на изразување и плурализмот на медиумите, истакна Борел на отворање на првата Конференција за медиумска писменост на ЕУ и Западен Балкан.

Тој ја потенцира важноста од медиумската писменост, зајакнувањето на граѓанското општество и слободата на медиумите, но и оцени дека ЕУ не е е комплетна без Западен Балкан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега