Борел предупреди: Постои недостиг од храна во светот, таа ќе станува сè поскапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел кажа дека постои глобален недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите производители на жито.

„Има недостиг од храна и тоа ќе продолжи. Каде што ја има, таа е скапа, односно поскапа од тоа што луѓето можат да си дозволат. Ова ќе ја продлабочи сиромаштијата“, кажа Борел.

Тој исто така нагласи дека причината за претстојната криза со храна е руската инвазија на Украина, а не санкциите на ЕУ кон Русија, како што тврди Кремљ. Русија во моментот го блокира извозот на 20 милиони тони жито од Украина, пред сè во Северна Африка и Азија, наведе германската влада, според која тоа предизвика раст на цените.

20.05.2022 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега