Борисов му честиташе на Заев: Одлуките од Договорот за добрососедство не треба да се одлагаат

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му ја честиташе победата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашните внетрепартиски избори на СДСМ.

„Му честитав за изборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме за заклучокот дека одлуките што двете земји треба да ги имаат во духот на Договорот за добрососедство и Пријателство не треба да се одлагаат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина “, напиша Бојко Борисов на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа