Бразилскиот сој на коронавирусот откриен во 20 земји

 

Бразилскиот вид на коронавирус, многу позаразна варијанта на овој вирус наречен П-1, со кој може да се зарази и откако ќе оздравите од ковид-19, е откриен во најмалку 20 земји, објавија денес научниците од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студија за бразилскиот вид наведува дека оваа варијанта стана доминантна во бразилскиот град Манаус, каде од 100 луѓе, 25 до 61 од нив се подложни на П-1 варијантата на короната, објави Ројтерс.

„Досега немаме докази што сугерираат дека постојните вакцини не се ефикасна заштита од оваа варијанта на вирусот“, рече Нуњо Фарија, вируолог од Кингс колеџ во Лондон. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега