Брнабиќ: Сите погрешивме, за овој вирус не се знае ништо, не предвидов јас затишје на лето

 Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со Ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.

Премиерката нагласила дека репресијата не е начин да живееме и работиме, односно дека треба да учиме да живееме поинаку.

-Да, погрешивме. Сите грешеа затоа што ова е нов вирус за кој не се знае многу. Но, сигурна сум дека можам да ја преземам таа одговорност. Не предвидуваше Ана Брнабиќ дека ќе дојде затишје на лето, тоа сите го предвидуваа. И во ред, не се случи и одиме понатаму, се бориме со ова - нагласила таа.

Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија хоспитализирани се 159 лица позитивни на новиот коронавирус.

Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега