Бучковски: Да се пофалам, имаме сериозно голем напредок, до крајот на мојот мандат ќе најдеме решение со Софија

Јас по природа сум оптимист, и верувам дека до крајот на мојот мандат, ќе најдеме решение за отворените прашања. Се наоѓаме во фаза на предизборие во Бугарија, затоа се обидуваме да бидеме претпазливи. Мојата главна преокупација во последните неколку недели е соработката во медиумската сфера, универзитетите, културата“, кажа Бучковски за Дојче Веле.

На тој план, потенцира дека има одлична соработка со бугарскиот амбасадор Ангелов, и најавува почеток на многу идни соработки.

„Да се пофалам, имаме сериозно голем напредок, пред се' заради големата посветеност на директорот на БНТ, Емил Кошлуков и неговиот тим, на директорот на БТА, Кирил Влчев во Софија, но и овде во Скопје исклучителен беше ангажманот на Македонскиот телеком (директорите Љушев и Станчев) за да стартува во рекордно брзо време БНТ на МаксТВ (вечерва), на директорот на МРТВ, Цветковски, во усогласувањето на текстот на договорот за соработка со БНТ, и на директорот на МИА, Антоновски, за соработката со БТА. Ректорот на Софискиот универзитет, Герџиков, со пет декани набрзо доаѓа во Скопје. Со ректорот на УКИМ, Јанкуловски, и со декани од повеќе наши факултети, ќе договараат конкретни проекти. За координација на овие активности постојано сум на релација Скопје-Софија-Скопје. Привршуваат активностите за влезот на Универзитетот од Велико Трново во заеднички студиски програми на Славјанскиот универзитет во Свети Николе. Тоа се дел од мерките за градење на доверба“, објаснува Бучковски.   

За изнесениот став на бугарскиот претседател Румнен Радев, Бучковски како и Заев и Пендаровски го оцени како спротивен на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава.

„Координацијата на претседателот Радев со раководителите на безбедносните служби на тема Македонија, за наводната загрозеност на нашите сограѓани кои се декларираат како Бугари, е недозволиво мешање во нашите внатрешни работи. Ние сме сојузници во НАТО и како сојузници ни личи да работиме заедно, а не едни против други. Сепак, јас на ова гледам во контекст на изборите во Бугарија на 4-ти април, но и во пресрет на пописот кој кај нас почнува на први април. Да се потсетиме дека Културниот центар'Иван Михајлов' од Битола, (кој му пишуваше на Радев за нивната загрозеност во Македонија, н.з.) бараше промптно добивање на бугарско државјанство за сите оние кои ќе се изјаснат за Бугари на пописот што следи кај нас“, посочува Бучковски.                               

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега