Цените на горивата убедливо најевтини на Косово, најскапи во Грција: Како се движат цените во регионот?

Цените на горивата се убедливо најевтини на Косово, а најскапи во Грција, покажуваат податоците бугарскиот веб сајт „Фуело“ кој ги следи средните цени на горивата во Европа.

Според податоците на порталот, литар бензин на Косово се точи за 64,53 денари, додека цената на дизелот е 61,70 денари.

Цените во Македонија се далеку повисоки од Косово, но сепак се пониски од останатите земји во регионот. Според порталот, бензинот се точи за 89,40 денари, додека дизелот за 90,66 денари. Вчера Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цената на горивата. Според неа, цената на еуросупер БС-95 е 90 денари, на еуросупер БС-98 е 92 денари, а дизелот чини 90 денари за литар.

Следна е Црна Гора, каде бензинот се точи за 96,96, додека дизелот за 100,74 денари.

Во Србија на пример, цената на литар бензин е 96,33, додека на дизелот е 108,92 денари.

Цената на бензинот во Словенија е 96,33 денари, исто како и во Србија, но дизелот е поевтин и се точи за 106,40 денари.

Во Босна и Херцеговина цената на бензинот е малку повисока, но дизелот е поевтин. Таму литар бензин се точи 98,85 денари, додека дизелот за 102,62 денари.

Во Хрватска цената на бензинот е 94,44, додека за дизелот 111,75 денари.

Литар бензин во Бугарија чини 103,88 денари, додека дизелот чини 107,98 денари.

Албанија има најскапи горива од сите земји од Западен Балкан. Таму бензинот се точи по цена од 112,79, додека дизелот за 119,62 денари.

Во Грција цените се убедливо највисоки и бензинот и цената е околу 2 евра. Бензинот чини 129,70, а дизелот 117,11 денари.

 
09.08.2022 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега