Црвениот крст на Град Скопје ќе подели хуманитарни пакети за 455 семејства од ранливи категории

 

Црвениот крст на Град Скопје почна со дистрибуција на хуманитарни пакети за ранливи групи на граѓани. Пакетите се наменети за вкупно 455 семејства на територијата на главниот град кои се ранливи по различни основи – згрижувачки и многудетни семејства, како и семејства со членови со попречености, ограничувања и слично. Секое од семејствата ќе добие по еден пакет со прехранбени и еден со хигиенски продукти, во количества кои задоволуваат месечни потреби на четиричлено семејство.

Хуманитарните пакети се обезбедени со финансиска донација од Империал Тобако ТКС АД Скопје, и како што велат од Црвениот крст на Град Скопје, поддршката од компанијата е во насока на ублажување и полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните кои од различни причини не се во можност да обезбедат призводи за свое редовно функционирање.

Покрај оваа финансиска донација, во рамки на соработката со Црвениот крст на град Скопје Империал Тобако ТКС организира акција во која вработените во компанијата ќе донираат облека, обувки и други сочувани и функционални лични работи. Тие потоа ќе бидат изложени во специјализираната продавница „Копче“ на Црвен крст или пак ќе им бидат директно донирани на лицата од најранливите категории граѓани.

Вкупната вредност на донацијата за набавка и дистрибуција на хуманитарните пакети за ранливите семејства изнесува еден милион денари. Слична донација Империал Тобако ТКС обезбеди и во 2020 година, кога беа донирани средства за хуманитарни пакети за семејствата кои беа најпогодени од пандемијата со Ковид-19. 

12.10.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега