Да не се фрлаат отпушоци и догорчиња, да не се палат „излетнички огнови“, апел од СВР Тетово

 

 

Со настапувањето на мошне високите температури на воздухот, деновиве и во поширокиот Полошки регион, покрај другото, осетно се зголемија и опасностите од настанување пожари, посебно во полето и шумите. Поради ова Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните максимално да бидат внимателни кога работат или се движат на отворен простор, да не фрлаат отпушоци и догорчиња, да не палат „излетнички огнови“, но и да не ги палат меѓите и стрништата во нивите.

– На излетниците им се советува кога приготвуваат скари да не ги остават докрај неизгаснати остатоците од жарот што го користат, зашто доволна е само мала искра за да пламне пожар со несогледливи материјални и други последици. Им се советува, исто така, да не оставаат на отворено стаклени предмети, кои доколку се подолго време изложени на силно сонце можат да предизвикаат пожар, велат од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека предизвикувањето пожар намерно или од невнимание законски се санкционира и со затворски казни кои, зависно од видот и крајните последици, се движат од 6 месеци до 5 години, односно до 8 години доколку станува збор за шумски пожар од поголеми размери.

Во координација со другите служби полициските службеници на СВР Тетово во наредниот период ќе го засилат присуството на подрачјето, пред се на најпосетуваните излетнички места и во шумите.

17.07.2023 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега