Дали сте настинати или имате коронавирус - лекарите ја објаснуваат разликата во симптомите

Влегувањето во разладени простории од топло и обратно, пиење студени напитоци, освежување на базените и слично, се работи кои сите ги правиме за време на најтоплото годишно време, а на кои нашите мајки и баби не предупредуваат. Ваквото однесување често доведува до „летни“ настинки. Меѓутоа, како да се препознае овој вид респираторна инфекција на која сите сме навикнати во однос на коронавирусот?

Докторот Александар Стојановиќ, директор на Домот за здравје „Д-р Милутин Ивковиќ“ веле дека моментално е зголемен бројот на пациенти кои се жалат на респираторни инфекции кои не се предизвикани со Ковид-19.

Во таква ситуација, напоменува Стојановиќ, важно е лекарите да извршат прецизна тријажа на ваквите пациенти за да не дојде до мешање меѓу оние со ковид-19 и  обична настинка.

-Бидејќи сега е време на летни инфекции, настинки, алергии и слично, пациентот кој ќе дојде во болница, му правиме тријажа и во разговор со него, докторот одредува дали е за ковид амбуланта или доктор од општа пракса. На лице место, по симптомите одредуваме и гледаме - вели Стојановиќ.

Во последно време често се разговара за симптомите на коронавирусот. Неретко се споменува дека листата на симптоми на коронавирус е проширена, а дека зголемената телесна температура, кашлицата не се најизразени симптоми на оваа болест.

-Симптомите на коронавирусот се температура која трае подолго од три дена, потоа гребење во грлото, отежнато дишење, губење на сетилото за вкус и мирис - што е многу важно затоа што се покажало дека тоа се два важни параметри. Исто така, се јавува мачнина во стомакот, општа малаксаност и во последно време - дијареа. Кај настинката, такви симптоми нема. Врз основа на клиничката слика на пациентот се прави тријажа. Потоа се прави лабораторија која е готова за половина час, врз основа на тоа гледаме каква е крвната слика и дали има зголемување или намалување на леукоциттите. Последна варијатна е, кога не сме целосно сигурни - ги снимаме белите дробови. Ако снимката покаже пневмонија сомнежот паѓа на ковид-19 - раскажал детално д-р Стојановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега