Дејвид Боуви, „Квин“, „Медена Земја“ меѓу предлозите за нови имиња на улици во Скопје

Дејви Боуви, „Квин“, „Леб и сол“, „Лева патика“, „Мизар“, Есма Реџепова, „Медена земја“ се можните нови имиња на улиците во Скопје. Град Скопје објави листа од 571 име на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во главниот град.

На листата се наоѓаат новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазарева, Атина Бојаџи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески.

Меѓу предлозите е и местото Нивици каде што беше потпишан Договорот од Преспа.

-Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот, велат од Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2021 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега