Денес се слави зачнувањето на Света Ана: Жените и девојките една работа мора да направат
Православната црква и нејзините верници на 22 декември го слават празникот посветен на зачнувањето на Света Ана, односно денот кога ѝ се јави архангел Гаврил и ѝ рекол дека во себе ја носи Марија.
Праведните Јоаким и Ана немаа деца цели педесет години од нивниот брак. Кога веќе се откажаа, им се јави архангел Гаврил и им рече дека нивните молитви се услишани од Бога и дека ќе ја родат ќерката Марија.
Според легендата, Ана ја родила Богородица во нејзините седумдесетти години.
Според верувањата, на овој ден жените не треба да вршат никаква работа, туку само да ѝ се молат на Света Ана за заштита на децата или зачнување, доколку се уште не родиле.
Во некои села е зачуван пагански обичај, мајки со женски деца да одат низ куќата и да фрлаат пепел или просо за да ја заштитат куќата од лоши магии.
На овој ден, болните жени одат во манастирите на молитва, а неплодните одат во манастирите и таму остануваат три дена, за да ѝ се помолат на света Ана да останат во благословена состојба.
Според тогашното сфаќање и верување, оние кои немале деца биле големи грешници и затоа Бог им ги ускратил децата. Исто така, другите што имале деца ги сметале Јоаким и Ана за недостојни.
Сепак, тие не изгубиле надеж и верба во Бога. Деноноќно се молеле Бог да ги усреќи и да им направи чудо како некогаш на Авраам и Сара, Захарија и Елисавета, и да им даде дете за да ги утеши на старост. По одредено време, Ана ја родила ќерката и ѝ го дала името Марија.
Нивната ќерка подоцна го родила Господ Бог Христа, Јоаким живеел 80 години, а Ана 79 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа