Денеска се празнува најголемиот женски празник - жените мора да направат една работа

 

Денес, 14 октомври, Православната црква и нејзините верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, настанот што црквата го слави на овој ден се случил на 14 октомври 911 година.

Црквата секогаш ја славела Пресвета Богородица како покровител и заштитничка на христијаните, којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните.

Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1-ви (по старо, по ново 14-ти) октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј.

Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици.

Покровот на Пресвета Богородица е нејзиниот омофорион (ќебе) што го рашири над христијаните – во видението што го имаа преподобниот Андреј и неговиот ученик.

Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Патем, е исто така познат како Покров, Покровот на Богородица и Ден на жената.

Многу жени постат пред Покров со цел да се причестат на денот на празникот. Жените го слават за полесно раѓање и одгледување деца. Оние што немаат деца, на тој ден се молат на Пресвета Богородица да имаат деца.

14.10.2022 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега