Десетмина косовското пратеници заразени од ковид-19, колегите бараат онлајн седници

Владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК на денешната седница на Собранието побара промена на собранискиот деловник, со цел да им се овозможи на пратеници одржување седници од дистанца, со оглед на порастот на бројот на заболени од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од името на пратеничката група на ЛДК предлогот го изнесе пратеничката Беса Гаџери, нагласувајќи дека досега се потврдени десетмина членови на Собранието заразени од новиот коронавирус.

Таа изрази уверување дека меѓу парламентарците има и повеќе други, покрај потврдените случаи, кои се заболени од Ковид-19.

– Бараме да се состанат претставниците на пратеничките групи и со еден едноставен текст да одлучат седниците да се одржуваат на дистанца во одреден временски период, рече Гаџери, барајќи таа одлука да се донесе уште на денешната седница.

Претседателката на Собранието, Вјоса Османи рече дека истото прашање го покренала уште од месец март, кога се појавија првите случаи на заразени, но дека за тоа е неопходно да се смени Деловникот, за што е потребен консензус од пратеничките групи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега