Дете тешко повредено при судир на мопед и автомобил

 

Утрово во 01.02 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„Солунска“ и ул.„Никола Тесла“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник и патничко возило „опел вектра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(43), двајцата од Битола.

„Во несреќата возачот на мопедот се здобил тешки телесни повреди, а неговиот сопатник В.М.(28) со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Битола.

14.08.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа