Девет лица повредени во престрелка на Роуд Ајленд

Девет лица се повредени синоќа во Провиденс, главниот град на источно-американската држава Роуд Ајленд, соопшти полицијата, проценувајќи дека станува збор за најсериозниот инцидент од ваков вид во историјата на градот.

Од деветмината ранети, тројца се со сериозни повреди и можат да бидат во критична состојба, изјави началникот на полицијата.

Тој рече дека во пукотниците биле употребени неколку парчиња огнено оружје и дека станува збор за конфликт меѓу две групи познати на властите.

Шефот на полицијата рече дека инцидентот започнал кога од возилото било пукано во една куќа, а потоа едно или повеќе лица од таа куќа возвратиле со оган. Тој ги опиша учесниците во инцидентот како „млади мажи“.

Додаде дека пукањето започнало околу 19 часот во јужниот кварт, што се смета за мирен и оцени дека биле испукани неколку десетици куршуми.

Истрагата е во почетна фаза и никој досега не е приведен, рече Климентс.

Детективите во болницата разговараат со жртвите на возраст меѓу 19 и 25 години.

Градоначалникот на Провиденс ги повика граѓаните да престанат да користат огнено оружје за решавање на споровите.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега