Директорка и медицинска сестра патувале во странство на сметка на битолската болница

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе две кривични  пријави, една  против Н.И.(50) од Битола, раководител-директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ .

Пријавената во својство на службено лице по барање на тогашниот директор на Клиничка болница Битола, З.Л.(67) на  22.01.2020 година изготвила налог и извршила исплата  на надомест за неискористен одмор во висина од 162.762 денари, без содветна одлука на Управен одбор.
Исто така, поднесена е кривична пријава против Р.Б.(52)  од Битола, вработена како главна медицинска сестра во ЈЗУ Клиничка болница Битола и Н.И.(50) од Битола, Раководител - Директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавените, во периодот од 2018-2020 година, без одлуки на Управен одбор, реализирале повеќе службени патувања во странство, за што од сметката на ЈЗУ Клиничка болница Битола за сместување, превоз и дневници  биле исплатени 654.388 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа