Дојави за бомби во Србија: Улиците ќе бидат полни со крв, ако УЧК и НАТО не ве научија, ние ќе ве научиме
Денеска имало дојава за бомби и во Србија, откако на мејлот на редакцијата на „Блиц.рс“ пристигнала загрижувачка порака.
Мејлот кој пристигнал бил потпишан „УЧК, УЧК“, а притоа во него се наведува дека „улиците ќе бидат полни со крв и органи ќе летаат на сите страни“.
„Ништо не научивте, не ви беше доволен НАТО да ве бомбардира, вие не се откажувате од Косово. Ако НАТО не ве натера и УЧК не ве научи, ние ќе ве натераме“, пишува меѓу другото во мејлот кој може да се прочита ТУКА.
11.11.2022 - 18:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа