Драма во Демир Капија: Не застанале на даден знак од полицијата- удриле и во службеното возило

Две лица биле уапсени откако претходно не застанале на даден знак од полицијата, па обидувајќи се да побегнат од полицијата го удриле и службеното возило.

-На 03.03.2021 во 23.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода  И.Ѓ.(30) од село Мрзенци, гевгелиско и Л.Б.(23) од Гевгелија затоа што околу 19.50 часот на Автопатот А1 - клучка Миравци, И.Ѓ.  не застанал на даден знак за запирање и со своето патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое бил и Л.Б. и го напуштил местото- известуваат од полиција.

Подоцна, неговото возило било забележано на стариот пат Демир Капија - Неготино, каде во обид да сврти удрил во службеното возило „дачија“ и го оштетил.  За настанот  бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега