Драма во Виница: Со метални предмети оштетил возило во кое седеле две момчиња, а потоа ги нападнал

 

МВР информираше дека вчера во 23:40 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Виница, додека 18-годишниот Д.К. бил заедно со 19-годишниот М.А. во паркирано патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, од патничко возило „бмв“, со винички регистарски ознаки, излегол 26-годишниот А.Ќ. од Виница и со метални предмети го оштетил возилото, а потоа физички го нападнал Д.К..

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега