ДС: Македонците, но и сите други, без разлика на верска и национална припадност, се дигнале на востание за независна Македонија
Демократскиот сојуз, на сите Македонци, каде и да се, како и на сите граѓани, им го честита 2-ри Август, ИЛИНДЕН, најсветлиот празник на Македонците и Македонската држава.
„На овој Ден, Македонците, но и сите други, без разлика на верска и национална припадност, се дигнале на востание за независна Македонија. Илинденците, со борбата за слободна и демократска Македонија ги удрија темелите на денешна современа и независна Македонија.
Бројните револуционери, борци и партизани, кои ги положија животите за Македонија, не обврзуваат да ја градиме и чуваме Македонија за идните генерации.
Само со единство, сплотеност и мудрост можеме да се справиме со предизвиците и да отвораме перспективи за младите.
И натаму одекнува повикот на Илинденците за борба, за слободна Македонија!“, стои во честитката на ДС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа