Дупката во фонтаната на плоштад Македонија сѐ уште зјае отворена

Две недели откако во фонтаната на плоштадот Македонија пропадна возило на ЈП Комунална хигиена, дупката сѐ уште зјае отворена, јавува Сител.

 Отворот во фонтаната е обележан само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите.

Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно и на поправката.

Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега