Еден од напаѓачите во Русија ликвидиран, а другиот уапсен- во пукање настрадале деца и една наставничка

Руската полиција ликвидираше еден од напаѓачите во училиште во Казан кој застрела најмалку 10 ученици и еден наставник, додека друг, кој беше уапсен, и признал на полицијата дека поставил бомба во станот на неговата мајка.

Двајца тинејџери упаднаа денес во училиште во Казан и отворија оган врз учениците и наставниците.

Според последните информации, во нападот загинале 10 деца и една наставничка, додека уште најмалку 12 ученици биле хоспитализирани.

Агенцијата ТАСС наведува дека се повредени уште 32 лица.

Полицијата фатила еден од напаѓачите додека другиот останал во училишната зграда, на четвртиот кат каде што држел заложници, по што полицијата го ликвидирала.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи се гледа како деца трчаат низ прозорците на зградата.

Момчето кое беше приведено е 19-годишниот Илназ Галијавиев, кој за време на апсењето рече дека поставил бомба во станот каде што била неговата мајка.

Според извештаите во медиумите, тој во средното училиште бр. 175 дипломирал пред четири години. Сега е студент на колеџ.

 Претседателот на Руската Република Татарстан, Рустам Миниханов, излезе на местото на настанот.

Зајакнати се безбедносните мерки во сите образовни институции во Казан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега