Експертите загрижени: Велика Британија регистрираше индиска мутација на коронавирусот

Во Велика Британија се откриени случаи на инфекции со сој на коронавирус со потенцијално загрижувачка мутација, која за првпат беше откриена во Индија. Британските власти до 14 април  регистрирале вкупно 77 случаи на оваа варијанта, позната како Б.1.617. Од нив, 73 случаи се евидентирани во Англија и четири во Шкотска.

Видот Б.1.617 во моментов е означен дека е „под истрага”. Доколку се покаже дека е позаразен или поотпорен за нашиот имунолошки одговор, тогаш ќе се зборува за „загрижувачка варијанта”.

Весникот „Гардијан” пишува дека во Велика Британија веќе постојат неколку „загрижувачки варијанти”, вклучувајќи ги и оние што први беа откриени во Кент, Јужна Африка и Бразил.

Д-р Пол Хантер од Универзитетот во Источна Англија вели дека тоа е потенцијално вознемирувачка верзија.

-Овие две мутации заедно можат да бидат многу попроблематични од јужноафриканските и бразилските соеви кои имаат само една таква мутација, а потеклото од Индија полесно може да навлезе во заштитата на вакцините, рече Хантер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа