Емотивен момент во Бејрут: Маж извлечен жив од под урнатините- присутните воодушевени аплаудираа од среќа (ВИДЕО)

Страшна експлозија што се случи вчера на пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан, уништи дел од градот и целосно го сруши пристаништето до земја. Најмалку 100 луѓе загинаа, над 4.000 се повредени, а снимките од катастрофата се проширија  низ целиот свет.

Меѓу нив е и видео од спасување на волонтер за граѓанска заштита.

Тој бил пронајден жив под урнатините, а спасувачите го извлекле на носилки и веднш му била укажана помош.

Кога бил спасен, луѓето што стоеле на лице место почнале да аплаудираат од среќа. Тоа било многу емотивен момент.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега