ЕУ се закани: Путин скапо ќе плати за ова

 

Европската комисија предложи нов, осми пакет санкции против Русија, кој вклучува повеќе забрани за увоз и извоз, проширување на списокот на санкционирани физички и правни лица, забрана на граѓаните на ЕУ да седат во одборите на директори на руските државни компании во сопственост и ограничување на цената на руската нафта за трети земји.

„Минатата недела Русија ја засили ескалацијата на војната во Украина на ново ниво. Лажните референдуми организирани на териториите што ги окупираа се нелегален обид за заземање на земјата и насилна промена на меѓународните граници и ние не ги прифаќаме овие лажни референдуми“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.“

„Ние сме решени да го натераме Кремљ да плати за оваа понатамошна ескалација“, додаде таа.

Новиот пакет санкции вклучува додавање на уште 1.300 физички и правни лица на листата на санкционирани лица, опсежна забрана за увоз, што ќе ја лиши Русија од приход од 7 милијарди евра, забрана за извоз на неколку клучни технологии во Русија, ограничување на цената на нафтата за трети земји, рече фон дер Лајен.

Се предлага граѓаните на ЕУ повеќе да не можат да бидат во управите на руските државни компании, што, меѓу другото, значи дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер повеќе нема да може да биде во управниот одбор на рускиот нафтен концерн Роснефт и во Надзорниот одбор на Гаспром.

Откако ја напушти функцијата германски канцелар, Шредер имаше неколку високи позиции во руски компании.

28.09.2022 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега