Фатени дрвокрадци, со возила блокирале локален пат

Полицијата вчера вечер одзеле нелекално исечени дрва во кичевско.

-Вчера околу 22.00 часот, од имот во атарот на кичевското с.Мамудовци на Д.З.(40) од с.Туин, одземени се огревни дрва, за кои не поседувал соодветна документација. Со него и Б.Т.(29) и М.Т.(51), двајцата од Мамудовци, како и Л.З.(18) и Б.М.(27), двајцата од Туин бил извршен разговор во Полициското оделение Осломеј, бидејќи во 21.40 часот со своите возила блокирале локален пат во с.Мамудовци, велат од полицијата.

 

 По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа